X
 10.05.2023 Живот

Шаќири: Државната матура мора да се полага на 27 мај

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири е дециден дека на 27 мај мора да се полага државната матура. За да се реализира процесот, ако е потребно, ќе се вклучат и вработените од МОН.

Шаќири уште еднаш повика да се причека општиот колективен договор. Донесување системско решение, според него, е многу важно.

- Да се реализира државната матура и да се причека општиот колективен договор, а потоа и другите синдикати ќе комуницираат со институциите за потпишување на гранските колективни договори. Мора да има полагање државна матура на 27 мај. МОН се вклучи во процесот на решавање на проблемот. Очекувам од директорката на Државниот испитен центар да достави барање да дадеме вработени од МОН само државната матура да се реализира во рокот, на 27 мај - нагласи министерот при гостувањето на ТВ Сител.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот