X
 10.06.2020 Живот

Инспиративни цитати за успехот и кариерата од Стив Џобс

Стив Џобс бил тежок човек за разбирање и за работа. Тој бил познат по давање невозможни рокови, бил опседнат од дизајнот, па дури и плачел на состаноци. Но, во суштина тој бил едноставен човек кој го сакал тоа што го работел.

Преку неговата страст, Џобс инспирирал цела индустрија, но и генерации да размислуваат различно. Тоа се претприемачите и хонорарците што ги исполнуваат своите соништа. Следните цитати од него можеби ќе ве инспирираат да почнете да размислувате различно.


Фото: Wikipedia

- Тоа е една од моите мантри - фокусот и едноставноста. Едноставното може да биде потешко отколку сложеното; мора да работиме напорно за нашето размислување да го направиме едноставно.

- Вашето време е ограничено, не трошете го живеејќи нечиј живот. Не бидете заробени во догма, што значи да живеете според размислувањата на другите. Не дозволувајте вревата од туѓите мислења да го задуши вашиот внатрешен глас. И најважно, имајте храброст да ги следите срцето и интуицијата, тие некако веќе знаат што навистина сакате да станете. Сè друго е второстепено.

- Еднакво сум горд на многуте работи што не сме ги направиле како и на работите што сме ги направиле. Иновацијата е кажување „не“ на илјада работи.

- Убеден сум дека половина од она што ги разликува успешните од неуспешните претприемачи е чиста упорност.

- Моите омилени нешта во животот се бесплатни. Јасно е дека најскапоцениот ресурс што го имаме сите е времето.

- Не добиваме шанса да правиме многу работи и секој треба да биде навистина одличен. Бидејќи ова е наш живот. Животот е краток и потоа умирате, нели? Ова е тоа што сме одбрале да го правиме со нашиот живот.

- Оние што се доволно луди да мислат дека може да го сменат светот се оние што успеваат во тоа.

- Останете гладни, останете будалести.

Автор: Рамон Нуез
Извор: lifehack.org
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот