X
 10.09.2025 Живот

Да го нема 29 февруари, Божиќ би го славеле наесен

Без престапната година, празниците би се поместиле, а календарот би изгубил смисла. Откријте зошто 29 февруари има толку клучна улога.

Земјата не го обиколува Сонцето точно за 365 дена, туку за приближно 365,2422 дена. Без дополнителниот ден на секои четири години, календарот со текот на времето би се разминувал со вистинските годишни времиња. За 100 години разликата би изнесувала речиси 25 дена, па така Божиќ би се славел среде есен, а летото би започнувало во јули.

Како почнало сè

Старите Римјани го забележале овој проблем. Во 45 година пр.н.е., Јулиј Цезар го вовел јулијанскиот календар, со кој се додава по еден ден секоја четврта година. Но, тој систем претпоставувал дека годината трае 365,25 дена, што сепак е повеќе од реалната должина на една година.

Грегоријанска реформа

Наталожената разлика низ вековите довела до потреба од корекција. Затоа, во 1582 година папата Григориј XIII го реформирал календарот. Според новите правила, една година е престапна ако е делива со 4 и 400. Ако е делива со 100, тогаш не е престапна.

Затоа, 2000 година беше престапна, но 1900 не беше.

Зошто 29 февруари е толку важен


Со вметнување на 29 февруари на секои четири години, календарот останува усогласен со движењето на Земјата и со астрономските циклуси. Без тој дополнителен ден, нашите празници и годишни времиња постепено би се поместувале, па календарот би го изгубил значењето што го има денес.

Извор: Krstarica.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот