X
 10.10.2025 Живот

Како најлесно да си обезбедиш средства за апсолвентската екскурзија

По години поминати во предавални, амфитеатри, читалници и студентски кафулиња, доаѓа моментот кога целата генерација конечно се собира заедно – во автобус, па на европските плоштади. Апсолвентската екскурзија е нешто што секој студент го има во мислите уште од првата година: да отпатуваш со генерацијата, да видиш нови градови, да се запознаеш со студенти од други факултети, да направиш спомени што ќе останат за цел живот. Да шеташ низ Европа, да се запознаеш со другите култури и архитектурата, да се смееш до зори. Едноставно, да го прославиш крајот на „студентската“ фаза од животот.

За многумина, ова патување е последниот заеднички „излет“ пред секој да тргне по својот пат – некој кон магистерски студии, друг кон работа, трет кон поинакви животни авантури. Но, апсолвентската екскурзија за сите останува заеднички споменик на генерацијата.

Сепак, реалноста е дека организацијата за едно вакво патување подразбира финансиски план, уплати, сметки... и често страв од тоа дали ќе успееш да ги покриеш сите трошоци.
Тука „влегува во игра“ наменскиот кредит за млади Vibe On на Шпаркасе Банка. Со него можеш да обезбедиш средства токму за таа цел: апсолвентска екскурзија.

Зошто овој кредит е вистински партнер за твојата екскурзија?

· Каматната стапка е фиксна – 2,99 % за целиот период на отплата.
· Максималниот износ е до 500.000 денари, а рокот на отплата до 60 месеци (5 години).
· Нема административни трошоци при обработка.
· Доколку си студент и немаш редовни приходи, може да се вклучи гарант (на пример, родител), кој е во редовен работен однос.

Наменскиот кредит значи дека добиените пари се насочени кон јасно определена намена, како што е апсолвентската екскурзија (и тоа врз основа на фактура или профактура) и затоа е поедноставно да го испланираш секој трошок.

Со овие документи, апликацијата може да се поднесе директно во филијала на Шпаркасе Банка, а одобрувањето на кредитот трае од два до три работни дена.

Дополнителен совет: Пред да аплицираш, со Кредитниот калкулатор на веб-страницата на Шпаркасе Банка можеш да провериш колку би ти изнесувала месечната рата и да си го испланираш буџетот однапред.

Апсолвентската екскурзија е еден од оние моменти што остануваат засекогаш врежани во студентските спомени. Со наменскиот кредит на Шпаркасе Банка, финансискиот дел од приказната станува многу полесен и поедноставен. Така, единственото нешто за кое треба да се грижиш ти е каде ќе ја направиш најдобрата заедничка фотографија со колегите.

Спомените се непроценливи, а патот до нив може да биде безгрижен.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Живот