X
 11.11.2025 Живот

Техниката на д-р Веил со која ќе заспиете за само 60 секунди

Дајте му на д-р Ендру Веил три минути и тој може да ве научи на техника за заспивање од 60 секунди. Во видеото гуруто за алтернативна медицина ве води низ методот на дишење „4–7‑8“. Како што вели тој, методот на дишење не одзема време, не бара опрема и може да се прави насекаде“. И откако ќе го совладате, можете да ја користите техниката на дишење 4–7‑8  за да ги намалите нивоата на анксиозност, да се снајдете во моменти исполнети со напнатост и да се справите со желбата за храна.

Како што ќе видите во видеото, вдишувате 4 секунди, го задржувате здивот 7 секунди, а потоа го испуштате 8 секунди.

 

- Ако требаше да ги ограничам моите совети за поздрав живот на еден совет, тоа би било едноставно да научиме како правилно да дишеме - заклучил Веил.

Извор: openculture.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот