X
 11.02.2025 Живот

Косово ја добива првата зграда за опера, балет и театар

Косово ја гради својата прва оперска куќа. Проектот вклучува повеќе сали за изведба и јавен плоштад, со што се зајакнува неговата улога како културен центар во главниот град. За уникатниот и интересен дизајн се одговорни архитектите од „Бјарке ингелс БИГ“ и „АЛБ групс“, а нарачател е Министерството за култура, млади и спорт на Косово.

Зградата ќе има концертна сала со 1.200 седишта, театарска сала со 1.000 седишта, рецитална сала со 300 седишта и едукативен и конференциски центар. Ќе се гради на парцела во близина на Палатата на млади и спорт, стадионот „Фадил Вокри“ и Министерството за јавни услуги. Како што е наведено, ова е одлична локација во рамките на културната област за која е наменета.

Театарот е дизајниран како приспособливо и ефикасно место за изведба, притоа одржувајќи ја пристапноста до пошироката заедница. Дополнително, проектот има цел да се интегрира со животната средина преку проширување на постојниот подиум во Палатата на млади и спорт.

Уникатна фасада

Дизајнот на зградата се одликува со флуидна, закривена надворешност обложена со фотоволтаични плочки, инспирирана од „Xhublet“, традиционално здолниште во облик на ѕвонче кое го носат жените во Косово. Оваа брановидна форма ги дефинира влезовите и областите за движење, создавајќи отворен и гостољубив јавен простор.


Новото надворешно скалило ќе ја подобри поврзаноста на пешаците и истовремено ќе го активира просторот како јавен плоштад.

Централни елементи

Со својот храбар архитектонски пристап и културно значење, операта и театарот на Косово треба да станат обележје на Приштина, поддржувајќи ја уметничката продукција и истовремено поттикнувајќи поголем ангажман на јавноста во изведувачките уметности. Затоа, очекувано, централни елементи на објектот се концертните и театарските сали.


Концертната сала ќе има интимен, испреплетен распоред на седиштата за оптимално гледање. Додека театарската сала има тростепен распоред за седење. Театарската соба и рециталната сала нудат дополнителна флексибилност, поддржувајќи разновидни уметнички програми.

Извор: baustela.hr

Фото: Instagram/Bjarke Ingels

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот