X
 11.05.2019 Живот

Со дронови во војна против комарците

Службите од Флорида со задоволство најавија дека ќе се вклучат во војна со дронови.

Ова лето таму ќе се користат дронови за распрскување лаврицид над барите кои досадните и потенцијално заразните комарци ги користат за размножување Ова е високотехнолошки обид за контролирање на популацијата на овие штетници, кој би можел да ѝ заштеди многу пари на оваа американска сојузна држава.

Организациите за контрола на комарците веќе користат дронови за да бараат зафрлени базени на застоена вода. Сега дроновите ќе можат да носат и неколку килограми лаврицид и сами да се погрижат за зафрлените базени - задача за која вообичаено се користат хеликоптери, а тоа чини многу повеќе.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот