Во 2024 година се родени 16.153 деца вкупно, од кои живородени се 16.061, а 92 се мртвородени, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на живородените деца во 2024 година е намален за 4 % во споредба со претходната година.
Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51,5 %, односно на 100 живородени женски деца 106,3 се машки.
Според месецот на раѓање, најголем број живородени деца се регистрирани во месец јули: 1.496.
Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 31,8 % се живородени деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29,7 години, а на прворотките 28,2 години. Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1994 година.
Во 2024 година се регистрирани 12 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.
Бројот на вонбрачните живородени деца е 1.844 или 11,5 % од вкупниот број на живородените деца.
На графиконот подолу можете да го видите падот на бројот на живородени деца во Македонија.