„Не очекував дека студирањето во Штип ќе ме однесе во Португалија.“
„Мобилноста ми отвори врата за научна презентација во Полска.“
„Во Германија не стекнав само нови знаења, туку и пријателства и контакти што ќе ми помогнат во кариерата.“
Ова не се рекламни пораки, туку вистински искуства на студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, кои преку најголемата европска универзитетска алијанса во Македонија - ACE2EU ги претворија своите студентски искуства во меѓународна приказна.
Денес, изборот на универзитет не е само избор на факултет. Со овој избор одбирате и можности, искуства, контакти и перспектива за иднината.
Токму затоа, твој избор треба да биде Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.
Кога студираш на УГД, студираш во Европа!
УГД е рамноправен партнер во ACE2EU, европска универзитетска алијанса која обединува девет универзитети од девет европски држави. Благодарение на ова партнерство, студентите добиваат пристап до академски мобилности, летни школи, работилници, пракса, заеднички проекти и меѓународна мрежа на контакти.
Ова се само дел од многуте приказни што покажуваат дека европското искуство не мора да започне со студирање во странство. Може да започне токму во Штип.
Повеќе информации за Алијансата и реалните искуства на нашите студенти можеш да најдеш на:
https://www.ugd.edu.mk/sorabotka/ace2eu/
https://www.ace2eu.eu/
Воедно, со упис на УГД стануваш дел од најдигитализираниот универзитет во Македонија!
Од електронско пријавување за упис, преку електронски индекс, електронско пријавување испити, дигитална комуникација со службите и професорите, до бесплатна електронска библиотека со пристап до илјадници научни и стручни извори, студентите добиваат модерно студирање приспособено на нивните потреби.
Повеќе информации околу уписите се достапни на:
Особено важно - студирањето на УГД не завршува со предавање во амфитеатар!
Покрај предавања од лесно достапни, посветени и реномирани професори и експерти од пракса, на УГД студентите учествуваат во хакатони, летни школи, меѓународни работилници, студентски организации, научни конференции, истражувачки проекти, претприемачки активности, спортски и културни настани.
Преку широката мрежа на соработка со компании, институции и организации од реалниот и јавниот сектор, студентите добиваат можности за пракса, вработување и професионален развој уште за време на студирањето.
Избери мудро – дејствувај храбро!
Запиши се на УГД.
Твојата европска приказна може да започне токму од УГД.
За нашето работење и студентскиот живот на УГД, следи нѐ на нашите социјални медиуми и биди во тек со случувањата:
https://www.facebook.com/ugdstip
https://www.linkedin.com/school/university-goce-delcev-at-stip/posts/?feedView=all
(Комерцијална објава)