X
 11.07.2018 Живот

Објавена првата фотографија од спасените тајландски момчиња во болница

Се појави првата фотографија од болницата каде се сместени тајландските момчиња, кои минаа повеќе од две недели во пештера и успешно беа извадени по тридневна мисија.

На фотографијата може да се видат неколку момчиња со маски на лицето и болнички наметки, а едното покажува знак на победа. Децата ќе останат во болница една недела.

Фото: BBC

Фотографијата беше објавена во време кога се уште се објавуваат нови детали од сложената операција за извлекување на 12-те момчиња и нивниот тренер. Тајландските морнарички „Фоки“ исто така објавија нова снимка на која може да се види како се одвивала спасувачката операција.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот