X
 11.07.2022 Живот

Средношколците ќе се возат бесплатно и за време на летниот распуст

Овој летен распуст околу 23.000 средношколци ќе може да го користат јавниот превоз бесплатно заради посетување дополнителна настава, часови по практична настава, како и за посета на културни, спортски или други активности, одлучи денеска Советот на Град Скопје на 13. седница.

Изминатите години бесплатниот билет им важеше само за време на учебната година, а за месеците од летниот распуст можеа да набават месечен билет по повластена цена, од 600 денари за користење на сите линии, за еден месец, односно за јули или август. Со денешната одлука на Советот на Град Скопје ќе можат да се возат бесплатно.

Бесплатниот превоз важи за сите ученици од задолжително средно образование во средните училишта под ингеренции на Град Скопје, како и за оние што учат во државните средни училишта.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот