Голем интерес за упис во новото полициско училиште: Се планираа 200, но се примија 310 ученици кои ги поминаа фазите на селекција
Годинава се возобнови средното полициско образование во државава по пауза од 26 години, односно од завршувањето на последната генерација (1996-2000) пред укинувањето на тогашниот Центар за образование на кадри од областа на безбедноста (ЦОКОБ) „Елисие Поповски-Марко“.
.„Не одам на мамографија, многу зрачи!“ Катерина Китановска, примариус специјалист по радиодијагностика, ги разрешува митовите за скринингот
Информираноста е првиот чекор кон создавањето здрави навики. Не треба да чекаме кампања за да се сетиме на себе. Не треба да чекаме да напипаме грутка. Не треба да чекаме некоја блиска жена да се разболи за да помислиме на сопственото здравје. Потребно е да знаеме кога треба да се прегледаме, кој преглед е соодветен за нас и каде можеме да побараме стручен совет, изјавува докторката Китановска
Математиката е како скалила – ако прескокнете едно, многу потешко ќе се искачите на следното. Ако ученикот не разбере една лекција, многу е веројатно дека ќе има тешкотии со следната бидејќи новото знаење најчесто се надоврзува на претходното, вели Нела Николова (23), млада македонска иноваторка од Негорци, Гевгелиско, софтверски инженер и дипломец на ФИНКИ, која ја креира ВИ-платформата „Блесни“ за учење математика според македонската наставна програма и индивидуалниот капацитет на секој ученик.