X
 12.02.2020 Живот

Шпанска компанија што престана да ја плаќа паузата за пушење го доби случајот на суд

Компанијата „Галп“ , која престана да им го плаќа на вработените времето што го минуваат на паузи за пушење, го доби случајот пред еден Виш суд во Шпанија.

Оваа енергетска компанија соопшти дека постапила според шпанскиот закон кога го одзела времето минато надвор од просториите на фирмата од вкупниот број работни часови на вработените.

Кратката пауза за кафе или појадок со колегите, исто така, е дел од политиката што „Галп“ почна да ја применува во септември минатата година.

Синдикатот на компанија, кој овој случај го однесе на суд, планира да вложи жалба на пресудата.

Според неодамнешните измени во шпанскиот закон, компаниите мора да го бележат доаѓањето на вработените на работа и нивното заминување.

Би-би-си објаснува дека таквото надгледување треба да ја спречи експлоатацијата на работниците, да ја зголеми флексибилноста во договореното пропишано работно време и да го реши проблемот со неплаќањето на прекувремената работа во Шпанија.

Во 2019 година работниците не биле платени за речиси три милиони прекувремни работни часови.

Ова барање, сепак, имаше непредвидливи последици за околу 10 милиони пушачи во Шпанија.

Со снимање на влезот и излезот на вработените од канцелариите, компаниите сега можат да пресметаат колку време работниците минуваат зад работната маса. Шпанските работници работат повеќе часови годишно од повеќето Европејци, освен Италијанците и Португалците.

Во 2018 година една компанија во Шпанија можеше да очекува од вработените дека ќе работат 1.701 час, додека во германската фирма можеле да очекуваат 1.363 часа работа, а во Велика Британија 1.538 часа.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот