X
 12.02.2021 Живот

Ајфеловата кула ќе светне во златна боја

Ајфеловата кула во Париз е едно од најпознатите обележја во светот. Во пресрет на Олимписките игри во 2024 година, наскоро ќе добие сосема нов изглед во посветла нијанса.

Конструирана помеѓу 1887 и 1889 година како влез на Светскиот саем во 1889 година, Ајфеловата кула е направена од решетки од ковано железо, а е висока 324 метри.

Била бојадисана 19 пати, подвиг за кој биле потребни 60 тони боја. Во моментов се користи специјално дизајнирана жолто-кафеава нијанса, што ќе ѝ даде златен сјај кога ќе биде завршена.

Кога првпат се издигнала, кулата била обоена во црвена боја по барање на нејзиниот дизајнер Густав Ајфел, а таа боја подоцна била променета во окер или светлопортокалова, три години подоцна.

Во 1899 година Ајфеловата кула била обоена во жолто-портокалова боја на основата и светложолта одозгора. Од 1907 до 1954, цели 47 години ги помина покриена со жолто-кафеава нијанса пред да биде обоена во кафеаво-црвена нијанса.

кула
Фото: Freepik

Во 2018 година беше најавена тригодишната промена, што би требало да заврши до крајот на оваа година. За време на тој процес, кој чини околу 50 милиони евра, мора да се отстранат претходните слоеви од боја. Ова е опасен процес  поради присуството на олово и бара строг здравствен протокол за работниците. Слоевите на бојата што ја покриваат структурата ќе бидат анализирани од архитекти специјализирани исклучиво за историски споменици во Париз. Тие ќе донесат одлука дали да ја осветлат бојата што се користи за познатиот споменик.

- Повторно ќе ги откриеме и ќе ги заживееме овие стари бои како што правиме кога реставрираме стара слика. Ова ќе ни даде можност да видиме дали на сегашната нијанса треба да додадеме дополнителни нијанси - вели специјалист за наследство.

Ајфеловата кула ќе служи како заднина за триатлон и настани во пливање на отворени води на Летните олимписки игри 2024 година. Повеќе од 250 милиони луѓе ја посетиле кулата од нејзиното отворање и над 7 милиони луѓе годишно ја посетуваат, така што секогаш треба да изгледа најдобро.

Извор: Lonely Planet
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот