Сигурно сте слушнале за многу нешта, но за „социјалистички лежечки полицајци“ веројатно не. Овој термин го измислиле жителите, тврдејќи дека овие високи „лежечки полицајци“ ги оштетуваат луксузните и семејните автомобили.
Терминот се однесува на високи „лежечки полицајци“ кои Советот на Лувишам ги постави на улиците Ли Терас и Белмонт хил во Блекхит, Лондон, на почетокот од 2026 година. Жителите тврдат дека бетонските полицајци, високи 100 мм, се дизајнирани да нанесуваат оштетувања на луксузните автомобили. Советот, пак, нагласува дека „лежечките полицајци“ ги исполнуваат сите стандарди и се направени со цел да обезбедат почитување на ограничувањето на брзината од 32 км/ч.
Изразот „социјалистички лежечки полицајци“ го измислиле жителите тврдејќи дека овие забавувачи ги оштетуваат луксузните и семејните автомобили. Жителите наведуваат дека „лежечките полицајци“ се премногу високи, предизвикуваат оштетувања на долниот дел на автомобилите, а ударот се слуша дури и во куќите.
Советот на Лувишам инсистира дека „лежечките полицајци“ се во согласност со националните упатства и стандарди. Со други зборови, сега првпат слушаме за „лежечки полицајци“ кои „казнуваат“ само скапи автомобили, а не ги оштетуваат автомобилите како стара „корса“ или „фиеста“.
Извор:
Revijahak.hr
Фото: Google maps