X
 12.06.2019 Здравје

Здравството во Исланд...Што е тоа упат?

Сме слушнале безброј приказни за мааните на нашиот здравствен систем. И секогаш кога во иднина некој ќе се обиде да ве убеди дека не е толку страшно, сетете се на приказната на оваа Американка што престојувала во Исланд и напипала грутка.

Ова е приказната која на „Твитер“ ја раскажа Мери Робинет Ковал.

„Додека живеев во Исланд, најдов грутка. Немав идеја како да пронајдам лекар, па отидов до менаџерот на нашето шоу.

Јас: Најдов грутка. Можете ли да ми помогнете да најдам лекар?

Менаџерот: Само оди до Центарот за рак.

Јас: ОК. Како да добијам упат?

Менаџерот: Што е тоа упат?

Откако објаснив што е упат, тој изгледаше збунето.

Менаџерот: Само оди до Центарот за рак.

Јас: Ама... упат?

Тој ми дава телефонски број од Центарот за рак. Се јавувам и им објаснувам.

Центарот: Грутка, аха, да... Треба да дојдете.

Јас: Зарем не ми треба упат?

Центарот: Што?

Прифаќам дека не ми треба упат и велам: Како да закажам?

Центарот: Да закажете? Да, можеме да ви закажеме ако сте многу зафатени, инаку, само дојдете.

Јас: Не треба да закажувам?

Центарот: Сте напипале грутка! Вие го познавате своето тело, зарем не? Дојдете.

И јас одам. Сестрата ми се извинува затоа што не сум од Исланд, па морам да платам. Чини три круни. Тоа во тој момент е три долари. Плаќам и седнувам да чекам.

Центарот: Ковал?

Јас: Веќе?

Центарот: Сте нашле грутка.

Ме придружува до ординацијата за преглед и го испитува со допир тој дел.

Центарот: Да, тоа е грутка. Ајде да направиме мамограм.

Чекам да слушнам како да закажам.

Центарот: Тука е, низ ходникот. Ве молам, следете.

Во таа зграда бев околу 20 минути во тој момент кога ме втурнаа на мамограм - КОЈ ИМАШЕ ГРЕЕЊЕ - и таа си ја врши својата работа.

Центарот: Имате нешто овде, во право сте. Сакам да погледнам и на ултразвук. И потоа ме води до следната врата.

Прави ултразвук и потоа ми вели да се облечам и да дојдам до чекалната. Тргнувам кон соблекуваллната, се облекувам и доаѓам до чекалната. Седнувам да ја почекам

Центарот: Ковал?

Јас: Веќе?

Центарот: Само циста.

По 45 минути во исландскиот Центар за рак и три круни помалку имав одговор. Во Америка за преглед на слична грутка потребни се околу две недели и три посети на различни лекари. Мислам на тоа секојпат кога морам да се расправам околу здравственото осигурување во Америка.

П.С. Го користев презимето, но сигурна сум дека цело време ме викаа по име, бидејќи - Исланд.

П.П.С. Зошто сите мамографи немаат грејачи?

П.П.П.С. Реков 3 круни, а всушност се 300 круни. Погрешив во објавата поради конверзијата во мојата глава, но поентата е дека тоа навистина чини околу три долари“.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје