Секој што вози знае дека со полна линија е означена забраната за претекнување, испрекинатата линија дозволува претекнување доколку тоа го дозволува ситуацијата. Но што значи кога на патот има две испрекинати средни линии?
Делниците со двојна испрекината средна линија често се пробни делници, на кои се тестира посебен вид обележување за да се направи претекнувањето побезбедно. На тие делови патот со две ленти привремено се проширува во три ленти, со што се создава дополнителна лента за претекнување.
Оваа ознака („двојна испрекината средна линија“) исто така покажува дека претекнувањето е дозволено, доколку тоа го дозволува сообраќајната ситуација. Меѓутоа, истовремено предупредува дека една од тие линии наскоро ќе стане полна линија.
Тоа значи дека доколку се појави двојна испрекината линија, претекнувањето треба брзо да се заврши или воопшто да не се започнува, без разлика од која страна се наоѓа возачот.
What are the double dashed lines in the road mean?
byu/Straight_Job74 innewzealand
Сè на едно место
Полна линија: Забрането претекнување.
Испрекината линија: Дозволено претекнување, ако е безбедно.
Двојна испрекината линија: Претекнувањето е дозволено, но со внимание бидејќи наскоро следува полна линија.
Што значат две различни средни линии?
Означувањето со една испрекината и една полна линија значи дека забраната за претекнување важи само за едната страна на патот. Од страната на полната линија не смее да се претекнува, додека од страната на испрекинатата линија може да се претекнува ако тоа е безбедно. Оваа ознака често се користи на свиоци со ограничена прегледност.
Извор:
Fenix-magazin.de
Фото:
Reddit