X
 12.09.2026 Живот

Швајцарските разузнавачка служба го отвори за јавноста досието за Менгеле

Швајцарската разузнавачка служба за јавноста отвори бројни документи за нацистичкиот злосторник Јозеф Менгеле. Меѓу нив има многу новинарски текстови, но и полициски документи, на одделни места зацрнети.

Во документите, меѓу другото, се споменуваат дојави до полицијата дека Менгеле по бегството од Германија можеби престојувал во Швајцарија или дека планирал влез во земјата под лажно име.

Таму се и различни информации за неговиот наводен престој, на пример во Ирска, Аргентина или Чиле.

Според еден друг документ, во 1964 година во Швајцарија престојувал израелски шпион преправен во студент, за да оди по трагите на Менгеле.

Досега разузнавачката служба ги одбиваше обидите на историчарите да добијат увид во документите, последен пат во февруари 2026 година. Секогаш се повикуваше на рокот за заштита до 2071 година.

Историчарот Жерар Ветштајн, кој го истражува животот на Менгеле, поднел жалба и ја добил постапката пред Сојузниот управен суд.

- Зацрнето е само она што мора да биде заштитено, личните податоци на поранешните и сегашните вработени во сојузната управа поврзани со швајцарската разузнавачка служба и нејзините претходни организации, информациите што подлежат на законска заштита на изворите, како и личните податоци на трети лица чии права на личноста имаат предност - соопшти швајцарското министерство за одбрана.

Досието за Менгеле го составила полициската служба на Сојузното обвинителство, претходник на разузнавачката служба.

Лекарот Јозеф Менгеле (1911-1979) во концентрациониот логор Аушвиц спроведувал сурови, често смртоносни медицински експерименти. По војната успеал да побегне во Јужна Америка.

Се удавил во Бразил, додека се капел.

Извор: Vijesti.me
Фото: Wikipedia

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот