X
 12.10.2022 Живот

ЕУ доделува бесплатни пропусници за воз за 35.000 млади

Европската комисија објави повик за доделување пропусници за воз за 35.000 млади луѓе. Пропусниците ќе бидат наменети за истражување на Европа.

Повикот е за кандидати од земјите што се дел од програмата „Еразмус +“, во кои е вклучена и Македонија. Повикот е отворен од 11 октомври до 25 октомври. За да добијат пропусница, младите треба да се пријават на овој линк и да одговорат на неколку прашања.

Пропусниците ќе може да се искористат во период од најмногу 30 дена, од 1 март 2023 до 29 февруари 2024. Успешните кандидати ќе добијат и картичка за попусти за користење јавен превоз, сместување, храна, културни и спортски активности.

Кандидатите треба да се родени помеѓу 1 јануари 2004 и 31 декември 2004 година.

Извор: Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот