X
 12.12.2021 Живот

Несекојдневни предлози за празнично украсување на домот

Ако сѐ уште размислувате како да го украсите домот за престојните празници, еве неколку идеи.

Алтернативна елка

Доколку во домот немате место за голема елка или едноставно сакате нешто различно, необичните божиќни дрвца се еден од најголемите модни трендови годинава. Тие не собираат толку прашина, не паѓаат иглички и лесно се местат.



Украси од природни материјали

Празничните украси направени од природни материјали и годинава се популарни. Хартиени празнични украси, дрвени предмети или букети од суви цвеќиња се некои идеи што може да му дадат природен изглед на домот.

Ретро украсување

Старите украси сега се популарни, па затоа е добра идеја да ги изложите наместо да ги криете во кутија во подрумот.

Розови тонови

Црвената и зелената боја се синоним за празничната сезона, но годинава модерни се и пастелните тонови, водени од розовата боја. Бојата може да ја вклучите во украсите за елката или други декорации во домот.



Црна боја

Доколку пастелните тонови се премногу весели за вас, можеби треба да размислите за црни украси. Црната боја изгледа гламурозно и елегантно, особено кога ќе се комбинира со златни детали.



Колипски стил

Стилот во кој најчесто се украсуваат колибите владее во светот. Во ваквите ентериери се користат елементи кои создаваат чувство на удобност, како меки прекривки и перници, мотиви на животни, кариран дезен, свеќи и дрвени и камени елементи.



Извор: Espreso
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот