X
 12.12.2021 Живот

Зошто на некои луѓе им е потешко да бидат среќни?

Несреќни, помалку среќни или апсолутни среќни? Ова се главните теми на кои работат експертите за самопомош, индустрија која цвета во моментов. Истовремено, процентот на лица со анксиозност или депресија продолжува да расте низ светот.

Според напис во научно списание објавено во 2005 година, 50 отсто од среќата на луѓето се одредува со гените, 10 отсто зависи од околностите, а 40 отсто од „свесни активности“. Меѓутоа, оваа поделба била критикувана бидејќи е заснована на застарени претпоставки за генетиката.


Фото: Pixabay

Науката покажува дека гените влијаат врз однесувањето кое им помага на луѓето да го одберат своето опкружување. На пример, екстровертноста, која се пренесува од родителот на детето, му помага на детето да изгради своја група од пријатели. Освен тоа, околината ја менува експресијата на гените, па така кога идните мајки би биле изложени на глад, гените на нивното бебе би се промениле соодветно на тие околности.

Природата и негувањето се меѓусебно зависни и секогаш си влијаат, па затоа двајца луѓе одгледани во иста средина може различно да реагираат.


Фото: Pixabay

Исто така, среќата на луѓето може да зависи од нивната „чувствителност на околината“ и нивната способност да се сменат. Некои луѓе се подложни на околината и така може значајно да ги сменат мислите, чувствата и однесувањето како одговор на негативните и позитивните настани. Затоа, позитивната психолошка книга или работилницата за позитивно размислување може да биде ефикасна за некого, а да не функционира за друг.

Сепак, не постои позитивна психолошка интервенција која ќе функционира за сите луѓе бидејќи сите сме уникатни и имаме различен капацитет за благосостојба.

Извор: Eklinika
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот