X
 21.03.2018 Здравје

Овие зборови можат да ги идентификуваат луѓето со депресија

Кога би требало да оцените кој е во депресија, а кој не, само според тоа како пишуваат, што би барале? Изгледа дека е лесно, ќе барате зборови како тажен, бесен, депримиран, безнадежен, така? Всушност можеби треба да погледнете во заменките.


Додека претходните анализи на јазикот на клинички депресивните и луѓето со суицидни мисли се потпираа на несовршеното човечко мислење на истражувачот, новите студии користат вештачка интелигенција за да ја пресметаат застапеноста на одредени зборови кај луѓе со различни проблеми со менталното здравје. Дополнително на лабораториските студии кои ги анализираат активните учесници, ова истражување се осврнува на пишувањата на музичарите и поетите кои имале суицидни мисли, како што се Курт Кобејн и Силвија Плат. Кај луѓето кои се соочуваат со депресија и суицидни идеи се забележува зголемено користење на зборови за негативни емоции како осамен, тажен и мизерен. Но, истражувањата пронашле и дрги зборови кои уште подобро ги предвидуваат суицидните тенденции, а тоа се заменките.

Во едно истражување фокусирано на луѓето кои се во депресија и на студенти кои се ранливи на депресија, заменките за прво лице еднина биле голем показател за депресивните тенденции. Истата шема се појавила во делата на поетите кои на крај извршиле самоубиство. Тоа можеби се случува затоа што депресијата претежно води до мисли кои се фокусирани на самите себе и на чувството дека сте отсечени. Тие чувства на осаменост може многу јасно да се видат во видовите заменки кои доминираат во пишувањето, отколку во кое и да е експлицитно признавање на осаменост.

Има и друг вид на зборови кои се чести во пишвањата на депресивните лица, а тоа се апсолутистичките зборови. Зборовите како секогаш, никогаш, апсолутно и целосно, сите предвиделе депресивни мисли подобро од зборовите за негативни емоции. Тоа, на некој начин, има смисла. Апсолутистичките зборови посолуваат дека ништо не може да биде направено тие да се сменат и тоа моѓе да биде многу депресивна мисла. Слично, премногу заменки во прво лице може да посочуваат дека сте заглавени во една перспектива, без способност да ја погледнете вашата стуација од друга гледна точка.

Па, следниот пат кога ќе се фатите како размислувате за екстремни постапки, вратете се чекор наназад, или, уште подобро, најдете пријател или терапевт кој ќе ви помогне да се вратите чекор наназад, а потоа запрашајте се дали вашите околности навистина се такви какви што ги гледате.


Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје