X
 13.08.2018 Живот

Македонија во јуни ја посетиле 102.327 туристи – 20 отсто повеќе од лани

102.327 туристи ја посетиле нашата земја во јуни и оствариле 243.175 ноќевања, јави МИА. Тоа е за 20,7 отсто повеќе туристи во споредба со истиот месец лани и за 23,4 отсто повеќе ноќевања.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во јуни 2018 година, во споредба со јуни 2017 година, е зголемен за 15,9 отсто, а бројот на странските туристи пораснал за 22,4 отсто. Бројот, пак, на ноќевањата на домашните туристи пораснал за 11,4 отсто, а на странските за 29,5 отсто.

Во првите шест месеци од годинава бројот на туристите е зголемен за 16,4 отсто во споредба со истиот период лани, при што кај домашните туристи има зголемување за 9,3 отсто, а кај странските за 19,8 отсто. Во истиот период бројот на ноќевањата е зголемен за 16 отсто, и тоа кај домашните туристи зголемувањето е за 6,6 отсто, а кај странските за 21,9 отсто.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот