X
 13.09.2021 Живот

Факултетот е постресен за девојките

Ново истражување покажа дека факултетот е постресен за девојките отколку за момците.

Факултетот може да биде многу стресно време за младите. Тие почнуваат да ја истражуваат својата независност и го бараат своето место во светот, а тоа значи да го пронајдат својот идентитет подалеку од нивните родители. Во тој период тие формираат сопствени мислења и погледи за светот додека се обидуваат да го одржуваат социјалниот живот заедно со добрите оценки. Со цел да се најдат ресурси за да им помогнат во нивното патување, се прават студии за да се види кој и како е засегнат.

Според „Медикал експрес“, било направено истражување чии резултати покажале дека факултетот е многу постресен за девојките отколку за момците. Истражувањето било објавено во списанието „ПЛОС уан“.

Ова истражување беше точно особено во однос на тоа како пандемијата го обликуваше и го промени факултетскиот живот и додаде дополнителен стрес за младите. Б. Сју Грејвс е еден од авторите на истражувањето и таа рече дека овие студенти балансираат меѓу работата, часовите, врските, семејствата и влијанието не може да се занемари.

stres
Фото: Freepik

Иако истражувањето заврши пред да започне пандемијата, сепак, може да се примени знаејќи дека борбите се веројатно поголеми сега. За да се заврши истражувањето, истражувачите ги анкетирале студентите кои веќе биле регистрирани за одредени часови. Овие часови вклучувале здравје и благосостојба, јога, справување со стресот и други различни елементи на здрав живот. Истражувачите ги споредиле резултатите и за мажите и за жените и ги разгледале нивните нивоа на стрес, како и механизмите за справување со стресот. Резултатите покажале дека студентките имале повисоко ниво на стрес отколку студентите.

Истражувањето, исто така, покажа дека студентките имаат тенденција да користат четири главни стратегии за справување кога станува збор за справување со стресот. Тие користат самоодвраќање, емоционална поддршка, инструментална поддршка и начини за „испразнување“ на стресот. Истражувањето покажа и дека жените почесто се обвинуваат себеси за стресот.

Ова истражување е важно бидејќи високото ниво на стрес е поврзано со проблеми со менталното здравје и може да ги направи студентките поподложни на вознемиреност, депресија и самоповредувачки однесувања. Истражувачите забележале дека добрата вест е што многу универзитети имаат одлични услуги и поддршка за ментално здравје, но студентите едноставно не ги користат.

Извор: Moms.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот