X
 14.03.2023 Живот

Анкета: Дали поголеми плати можат да го намалат иселувањето од земјата?

Минималната плата ќе изнесува 20.175 денари и ќе биде зголемена за 2.175 денари, објави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Според последните податоци од Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2022 година изнесува 34.364 денари. Истовремено, минималните трошоци на четиричлено семејство во февруари изнесувале 50.909 денари, покажуваат анализите што ги објави Сојузот на синдикати на Македонија.

Со растот на платата растат и трошоците за живот, па многу луѓе спас бараат во преквалификации и преминување во ИТ-секторот, некои работат и втора работа, а огромен број се решаваат на најрадикалниот чекор - иселување, за што не малкумина рекле дека го прават не само поради финансии.

Затоа, решивме да ве прашаме: Дали зголемувањето на платите во Македонија може да го намали иселувањето?

Во продолжение е кратка анонимна анкета, ги очекуваме вашите одговори!



*анкетата не е на научна основа

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот