X
 14.04.2026 Живот

Исланд бара „лош фотограф“ - нуди патување од соништата и 43.000 евра

Добрата фотографија обично бара сериозна вештина - или можеби не? Токму тоа прашање го поставува авиокомпанијата „Ајслендејр“ со својата кампања со интересен наслов „Навистина лош фотограф“ (англ. „Really Bad Photographer“).

Необична понуда

Националната авиокомпанија на Исланд нуди 10-дневно патување во оваа неверојатна земја (со вклучени повратни авионски билети, сместување и џепарлак), во замена за фотографии од еден среќен патник кој нема никакво искуство во фотографирање.

Покрај бесплатното патување, избраниот кандидат ќе добие и околу 43.000 евра за учество, како и согласност компанијата да ги користи неговите (или нејзините) фотографии, наведено е на веб-страницата на кампањата.

Зошто токму „лош фотограф“?

Целата идеја е да се докаже дека е речиси невозможно да се направи лоша фотографија на толку убаво место како Исланд.

Од „Ајслендејр“ велат дека дури и најлошиот фотограф може да направи одлични фотографии од Исланд, па затоа оваа понуда е наменета исклучиво за луѓе без професионално искуство и без посебен интерес за фотографија.

Кој може да се пријави?

Ако имате албум полн со неуспешни фотографии, ова звучи како идеална шанса. 

За да учествувате, потребно е да имате најмалку 21 година, важечки пасош и да сте подготвени да ги споделувате направените фотографии.

Како да аплицирате?

За да се пријавите, треба да ја посетите веб-страницата на кампањата, да одговорите на шест прашања и да приложите видео од 60 секунди во кое ќе објасните зошто токму вие треба да бидете избрани.

Извор: Nova.rs 
Фото: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот