Знаеме дека парите се важни за животот, но дали мора да бидеме среќни ако имаме многу пари? Колку пати сте размислувале дека би биле посреќни и позадоволни доколку имате многу пари, нов автомобил, нов стан и слично?
Можеби би биле, но само делумно. Во целиот свет задоволството расте со приходите, но не мора да биде секогаш поврзано со позитивни чувства и уживање во животот, покажува ново истражување.
Истражувањето спроведено на 136.000 луѓе од 132 земји, објавено во „Журнал оф персоналити енд соушал сајколоџи“, открило дека не постои едноставен рецепт за среќа бидејќи чувството на среќа зависи од многу фактори.
Заклучокот на ова истражување е дека вашето чувство на среќа зависи од тоа како ја дефинирате среќата и што за вас значи среќа. Ако среќата за вас значи целокупен пакет: семејство, здравје и богатство, тогаш нема да бидете среќни ако имате пари, а не сте во брак и имате астма.
Ако, пак, парите за вас се среќа, тогаш ќе бидете среќни и кога ќе ги складирате под душекот или во банка, не мора да ги трошите.
Интересни факти од истражувањето
- САД имаат највисок бруто-приход, но според задоволството на жителите од нивниот живот, тие се на 16. место и на 26. место според позитивните чувства.
- Данска се наоѓа на првото место по лично задоволство на граѓаните и на 5. место според приходите.
- Африканските земји имаат најниски приходи, но не и најлоши оцени по чувството на задоволство на жителите.
- Јужна Кореја е на 24. место по приходи, но на 58. место по личното задоволство на жителите.
- Во некои посиромашни земји, како што е Костарика, жителите покажале големо задоволство од животот иако нивните приходи не се многу високи.
Извор:
Avaz.ba
Фото: Freepik