X
 23.12.2016 Живот

Што преценуваме, а што потценуваме во животот?

Како општество често ги преценуваме неважните работи, а ги потценуваме идеите и методите кои единствено даваат резултати. Ова се неколку распространети верувања кои всушност се сосема погрешни.

Преценуваме : Да бидеме „на работа“

Потценуваме : Завршување на обврските една по една


Како општество, влеговме во замката на брзото темпо на живот и прекувремена работа. Уште полошо, ги побркавме сите тие активности за да докажеме дека живееме важен живот. Размислувањето за тоа е : „Погледни колку сум зафатен/а. Ако работам толку многу, значи сигурно работам нешто важно.“

Преценуваме : Избегнување на критика

Потценуваме : Делење на оригинални идеи


Можат да ве осудуваат за нешто што сте создале или да ве игнорираат бидејќи сте ја задржале својата креативност за себе. Пречесто дозволуваме нашите стравови и емоции да не спречат да ја поделиме својата работа со другите.

Преценуваме :  Непотисната слобода

Потценуваме : Внимателно смислени ограничувања


Ограничувањата всушност ја зголемуваат нашата вештина за развој повеќе отколку што ја намалуваат. Со додавањето на неколку внимателно промислени органичувања во својот живот и намалувањето на слободата, всушност ќе  ја подобрите продуктивноста и среќата. Наместо да се чувствувате дека ви се наметнати ограничувања, ќе се чувствувате посилни.

Преценуваме : Титули, дипломи, квалификации

Потценуваме : Храброст и креативност


Титулите можат да бидат важни. Не сакате да ве оперира хирург кој не завршил медицински факултет, но на повеќето луѓе дипломите им се потребни бидејќи немаат храброст да посегнат по она што навистина го сакаат во животот. Дипломите, наградите и престижните училишта не се предуслов за успех.

Преценуваме : Да се биде мотивиран

Потценуваме : Промена на средината


Погрешно веруваме дека мотивацијата е она што ни недостасува, а која ќе ни овозможи да се држиме до нов режим на исхрана, да напишеме книга или да научиме нов јазик. Мотивацијата е непостојана и не трае долго. Една студија открива дека мотивацијата нема влијание на тоа дали луѓето ќе вежбаат или не во текот на неделата, Ефектите од мотивацијата исчезнуваат веќе следниот ден. Во меѓувреме, повеќето избори кои ги правиме секојдневно се само реакција на нашето опкружување. Ретко размислуваме за просторот во кој живееме и работиме, а тоа всушност управува со нашето однесување и фактот дали сме мотивирани или не.

Преценуваме : Следење вести

Потценуваме : Читање стари книги


Секоја добра книга постара од 10 години е полна со идеи кои менуваат живот. Тоа е така затоа што лошите книги се забораваат по една или две децении. Секоја книга која трае мора да биде полна со идеи кои се бесмртни и се спротивставуваат на времето. Од друга страна, вестите се краткорочни информации. Обрнуваме внимание на медиумите мислејќи дека не информираат, но да се биде информиран е бескорисно ако поголемиот дел од информациите до наредниот ден стануваат неважни.

Преценуваме : Откривање на нешто ново

Потценуваме : Совладување на основата


 Сите бараме некои најнови методи, сметајќи дека новата метода ќе го промени фактот дека треба да работиме на нешто. Нема некоја посебна тајна. Сакате да бидете писател? Пишувајте повеќе. Сакате да бидете посилни? Вежбајте повеќе. Потребен е само труд.

Преценуваме : Да се биде лидер

Потценуваме : Да се биде тимски играч


Сакаме статус. Сакаме ордени и медалји. Сакаме моќ и престиж. Но, сето тоа не ве прави лидер. За одличен тим се потребни и одлични тимски играчи. А тоа е квалитет кој е неопходен.

Преценуваме : Да се победува

Потценуваме : Напредок


Учењето, развјот и напредокот се потценуваат во однос на постигнување брзи резултати. Тоа е штета бидејќи резултатите многу брзо би биле видливи само ако се фокусираме на одреден процес.

Преценуваме : Вежбање до исцрпување

Потценуваме : Пропуштање на тренинг


Погрешно е верувањето дека на крајот од тренингот треба да се биде исцрпен. Претерувањето е и рецепт за повреда и болест. Подобро да се прават повеќе помали активности секој ден отколку во еден ден да се дава максимумот. Трудот ќе биде залуден ако ова трае само една или две недели. Преземајте активности во кои ќе бидете истрајни. 
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот