X
 14.06.2019 Живот

Која нација е најсреќна и најзадоволна со нивните домови

Лошата природна светлина, лошиот квалитет на воздухот и недостатокот на простор се некои од главните причини поради кои повеќето луѓе не се задоволни со нивните домови, вели извештајот „Добар дом“, што спроведе најголемо истражување од ваков вид, анкетирајќи 13.489 луѓе низ цела Европа, прашувајќи за среќата и домот.

Од 10 анкетирани европски земји, Холанѓаните, Германците и Данците се наоѓаат на првите три места и се најсреќни со нивниот дом. На четврто место се наоѓаат Британците.

Статистички податоци покажуваат дека пристапот до зеленило на луѓето им е многу поважно отколку каде живеат.

Извештајот бил креиран заедно со независниот Институт за истражување на среќата, а вели дека живеењето во град или во село не прави значајна разлика во среќата.

dom
Фото: Getty Images

- Нашето истражување покажува дека честопати ја бараме среќата на погрешно место. Понекогаш она што мислиме дека нѐ прави среќни и она што навистина нѐ прави среќни не е исто - извештајот се базира на верувањето дека нашите домови ги обликуваат нашите животи. Нашиот дом е она место каде што наоѓаме утеха и сигурност, каде се опуштаме и се поврзуваме со нашите најблиски. Во светот што бара сѐ повеќе и повеќе наше внимание, нашите домови се таму каде што можеме да се повлечеме и да бараме засолниште - вели Мејк Вајкинг, извршен директор на Институтот за истражување на среќата.

Со резултат од 7,69 од вкупно 10, Холанѓаните се најдоа на врвот на листата кога оценувале колку се среќни со нивните домови.

1. Холандија - 7,69
2. Германија - 7,60
3. Данска - 7,47
4. Велика Британија - 7,40
5. Шпанија - 7,22
6. Франција - 7,17
7. Романија - 7,11
8. Италија - 7,02
9. Полска - 6,92
10. Русија - 6,57

Исто така, најголема е веројатноста тие да го опишат својот дом како „простран“.

- Чувството на пространост е трипати поважно од вистинската големина - пишува во извештајот.

Од анкетираните 10 европски земји, Русите, со резултат од 6,57 се најдоа на дното. Во извештајот се наведува дека нашите домови претставуваат 15 отсто од нашата целосна среќа - здравјето и фитнесот постигнуваат 14 отсто, а нашата плата 6 отсто.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот