X
 14.06.2021 Здравје

Вчера не беше забележан смртен случај од ковид-19, првпат по 10 месеци

Вчера, првпат од 2 септември 2020 г., не бележиме ниту еден починат од ковид-19. Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мора да продолжиме да ги почитуваме мерките, а единствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме, стои во соопштението од Министерството за здравство.


Досега во земјата се направени вкупно 834.099 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.536, бројката на оздравени пациенти е 149.628, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 437.

Издвојуваме

Здравје