X
 14.07.2023 Живот

Руските пратеници усвоија закон со кој се забранува промена на полот и посвојување деца од трансродови лица

Руските парламентарци денеска усвоија закон со кој се забранува промена на полот и посвојување деца од трансродови лица.

- Оваа одлука ќе ги заштити нашите граѓани, нашите деца - рече претседателот на Долниот дом на парламентот (Дума), Вјачеслав Володин.
Промени во граѓанскиот статус, хируршки операции и хормонски третмани беа достапни во Русија по распадот на Советскиот Сојуз.

Сепак, од почетокот на руската инвазија на Украина, руските власти почнаа да воведуваат конзервативни мерки, особено против ЛГБТ-заедницата.
Како образложение се наведува желбата да се елиминира однесувањето кое е девијантно и увезено од Запад.

Предлог-законот помина на третото и последно читање. Сега тоа треба да биде потврдено од Горниот дом на Парламентот, Советот на Федерацијата. Потоа следува потписот на претседателот Владимир Путин за да стапи во сила.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот