X
 14.07.2025 Живот

Единствено со ПроКредит Банка - повлекувај евра директно од банкомат

Во екот на летната сезона и зголемениот број патувања, ПроКредит Банка нуди едноставно, сигурно и флексибилно решение за управување со готовина - уплата и повлекување евра и денари директно од банкомат, 24/7, без провизија.

Услугата е достапна за сите клиенти на ПроКредит Банка кои поседуваат трансакциска сметка во евра и дебитна картичка MasterCard. Картичката, која е мултивалутна и поврзана со сметки во денари и евра, им овозможува на клиентите директен пристап до средствата во секое време, дури и за време на викенди, празници и неработни денови.

Преку банкоматите на ПроКредит Банка, клиентите можат:

• да подигнат евра директно од својата девизна сметка;
• да уплатат евра или денари на сопствена трансакциска или штедна сметка;
• да искористат дигитална менувачница преку мобилната апликација, при што прво се извршува размена на валута (од денари во евра или обратно), а потоа следува повлекување на средствата.

Сите овие трансакции се реализираат без дополнителни провизии, со максимална брзина и безбедност.

Дополнително, оваа услуга овозможува и напредна дигитална контрола преку мобилната апликација на ПроКредит Банка. Корисниците можат самостојно да ги приспособуваат дневните лимити за подигнување готовина, со можност за повлекување до 300.000 денари дневно.

Функционалноста за повлекување и уплата во евра и денари е достапна во рамките на 24/7 зоните на ПроКредит Банка, опремени со најсовремените банкомати кои овозможуваат целосно самоуслужно банкарско искуство.

ПроКредит е единствената банка на нашиот пазар која ја нуди оваа услуга. Со оваа услуга клиентите на банката имаат целосна контрола и флексибилност во управувањето со личните финансии, како и брз, лесен и безбеден пристап до средствата, во секое време и од каде било.

Повеќе информации за услугата се достапни на блогот на ПроКредит Банка.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот