X
 14.08.2021 Живот

Северна Кореја ги казнува прекршувачите на ковид-мерките со физичка работа

Северна Кореја ги казнува жителите што ќе ги прекршат мерките за спречување на ширењето на ковид-19 со физичка работа, пренесува „Инсајдер“. Во земјата е забрането групирање на повеќе од 3 лица надвор од домот, а тоа се однесува и на лица што се во роднинска врска.

Доколку четири или повеќе лица се групираат надвор од домот, властите ги испраќаат во дисциплински центар во кој ги очекува физичка работа, изјавил жител на Северна Кореја. Алтернативно, прекршувачите може да бидат казнети и со големи глоби. Не се знае зошто некои луѓе добиваат парични казни, а други се казнети со задолжителна физичка работа.

Според властите, венчавките не се забранети, но казните се однесуваат и на лицата што ги организираат.


Фото: Pixabay

Во земјата официјално нема потврден случај на ковид-19, но во јуни, лидерот Ким Јонг-ун критикувал владини лица дека не биле способни да ја контролираат пандемијата, што можеби е знак дека ковид-19 стигнал и во земјата.

Северна Кореја ги затворила границите со Кина во јануари минатата година. Според медиумски известувања, земјата наскоро потоа кремирала луѓе што починале од симптоми што наликуваат на оние на ковид-19.

Не се знае како напредува вакцинацијата во земјата, а порано годинава земјата доби 2 милиони вакцини на „Астра зенека“ преку Ковакс. Во јули, „Ројтерс“ известил дека Северна Кореја ги одбила вакцините поради ризик од случаи со згрутчување на крвта. Русија ѝ понудила вакцини „Спутник V“, но не се знае дали тие биле купени.

Извор: Insider
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот