X
 14.11.2020 Технологија

Нов воз во Јужна Кореја достигна брзина од 1.000 километри на час

Трката да се создаде најбрзиот воз во светот е во полн ек. Најновите вести на оваа тема доаѓаат од Јужна Кореја, каде што Корејскиот истражувачки железнички институт објавил дека неговиот најнов воз достигнал брзина од над 1.000 километри на час во текот на еден тест.

Возот е јужнокорејска верзија на познатиот хиперлуп, што претставува систем на транспорт кој ги превезува патниците во капсули.

Азиската земја почнала да работи на проектот во 2017 година. Кога јужнокорејскиот хиперлуп ќе биде готов, ќе го скрати патувањето од Сеул до Бусан од 3,5 часа на 30 минути.


Фото: KORAIL

Брзината што ќе може да ја развие новиот транспортен систем е слична на брзината на авионите. На пример, авионите што патуваат од Европа до Азија летаат со брзина од 800 до 1.000 километри на час.

Според планот, изградбата на патеките и возовите за масовна употреба ќе започне во 2022.

Автор: Фабиен Ланг
Извор: interestingengineering.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија