X
 14.12.2018 Живот

На Аукцијата на чоколадо собрани над 300.000 денари за отворање на првиот Центар за аутизам

Овогодинешната четврта Аукција на чоколадо насловена како „Чоколаден спектар“ која се одржа на 12 декември во хотелот Парк хотел и спа, ресторан Фор на која присуствуваа над 300 гости обезбеди над 300.000 денари донација, средства кои ќе овозможат старт на првиот во регионот Центар за аутизам кој ќе работи во склоп на Фондацијата СТЕМ Академија. Овој центар ќе биде единствен од таков вид во Македонија и во поширокиот регион со специјална стандардизирана програма за деца со аутизам на Lego Education, наречена Lego based therapy. Со помош на обезбедените донации, од поединци и компании како Алкалоид, Штедилница Фулм, Авицена, Паркинзи на Општина Центар, Kariera.mk, Осигурување Македонија, Ракометниот клуб Вардар, Пастел, Чоколарт, АМСМ, НЛБ Тутунска Банка нашата желба и заложба за лансирање на центарот и реализирањето на овој проект стана реалност, односно на наше големо задоволство се создадоа услови за работа на подобри социјални вештини на овие деца, секако во соработка со стручни едуцирани лица, но и за помош на родителите и семејствата.

За извонредната атмосфера се погрижија Пепи Ренџов кој ексклузивно промовираше песна од најновиот албум, Џезилка, и Роки и пријателите, а водители беа секогаш блескавите Миланка Рашиќ и Виктор Петров – Викса.

Аукцијата на чоколадо ја организираше Здружението на граѓани ПОЗИТИВО во партнерство со СТЕМ Академија на кои им претстои период на активна работа и подготовки за отворање на центарот на почетокот на 2019 година, кој веќе ја доби првата донација во форма на слика, акрил на платно, од Тања Џипунов.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот