Во Македонија во понеделник претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Попладне зголемување на облачноста и продор на влажна воздушна маса од запад која ќе услови врнежи од дожд и снег. Врнежи од дожд ќе има во југоисточните предели, а на повисоките места над 600 метри со врнежи од снег.
Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува и умерен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч.
Минималните температури од -2 до 7 степени, а максималните температури ќе се движат од 3 до 11 степени.
Во текот на ноќта понеделник кон вторник врнежите ќе престануваат и постепено разведрување.
Во Скопје во понеделник ќе биде умерено облачно со кратки сончеви периоди. Попладне наоблачување кое ќе донесе врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 1 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 8 степени.
Weather4all.com.mk