X
 26.09.2016 Живот

Неделна временска прогноза


Денес е понеделник, 26 септември 2016 година, 270-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:20, а ќе зајде во 18:27 часот. Денот ќе трае 12 часа и 6 минути.

Во Македонија ова утро имам претежно сончево време со појава на локална облачност и свежо време, додека пак во југозападните предели имаме претежно облачно време и потопло време.

МАКЕДОНИЈА - Денес во утринските и претпладневните часови во западните и југозападните имаме појава на облачност па поради тоа и повисоки утрински температури, попладне разведрување. Во останатите предели во текот на целиот ден ќе биде претежно сончево и потопло време, освен во крајните североисточни предели каде попладне се очекува зголемување на облачноста и можност за сосема слаб краткотраен дожд. Ќе дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер. Утринските температури од 3 до 12 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 16 односно до 26 степени. УВ индексот ќе има вредност 5. Во текот на ноќта ќе има појава на магла.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе имаме претежно сончево време со појава на локална облачност и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 8 степени, а максималната дневна до 23 степени. УВ индекс 5.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во наредните денови ќе продолжи антициклонското влијание и северното воздушно струење кои што ќе условат сончево и свежо време но со тенденција за постепен пораст на температурите. Во вторник и среда сончево и малку потопло време со максимални температури кои ќе се движат од 17 до 27 степени, односно од 18 до 28 степени. Сончево и потопло ќе биде и во четврток и петок кога дневните температури ќе достигнат до 19 односно до 29 степени, а во петок од 20 до 30 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот