X
 23.04.2015 Живот

Времето денес и какво време не очекува викендот што следува?



Во Македонија во четврток по свежото утро, во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Попладне во западните предели зголемување на облачноста.

Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели слаб југозападен ветер. Минималните дневни температури од -2 до 8 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 12 односно до 23 степени.

Во Скопје во четврток ќе биде претежно сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 5 степени, а дневната до 19 степени

Во петок во Македонија ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Попладне нестабилно со услови за локални врнежи од дожд. Минимална температура од 0 до 10 степени, а дневната до 11 односно до 22 степени.

Во текот на ноќта петок кон сабота и во сабота во утринските и претпладневните часови ќе биде нестабилно со локални врнежи од дожд. Во сабота попладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди.

Во недела претежно сончево и потопло со пораст на температурата. Минималната температура од 2 до 13 степени, а дневните до 16 односно до 27 степени.

Во понеделник умерено облачно со повремени сончеви периоди и топло. Дневните температури непроменети.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот