X
 09.08.2016 Живот

Времето во Македонија во наредните пет дена

Денес е вторник, 9 август 2016 година, 222-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:31, а ќе зајде во 19:44 часот. Денот ќе трае 14 часа и 12 минути.

Во Македонија ова утро имаме претежно облачно и топло време. Услови за сосема слаби врнежи од дожд ова утро има во Малешевијата како и во југоисточните предели.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо. Попладне во северозападните, западните и југозападните предели како и во источните и крајните североисточни предели услови за развој нестабилност и локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 13 до 21 степен, додека пак максималните од 22 до 34 степени. УВ индексот ќе има ниска вредност 3.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо. Слаб северозападен ветер. Во попладневните и вечерните часови услови за слаби врнежи од дожд и грмотевици. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна до 29 степени. УВ индекс 3.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во среда преодна стабилизација на времето, претежно сончево со локална облачност и топло со пораст на максималните температури кои ќе се движат од 28 до 38 степени. Во четврток претежно сончево со локална облачност и топло, попладне во северозападните, како и во североисточните, источните и југоисточните предели со услови за врнежи од дожд. Максималните температури од 27 до 37 степени. Во петок претежно сончево со локална облачност и посвежо време со осетен пад на температурите. Попладне во запаните, југозападните, јужните и југоисточните предели со услови за врнежи од дожд. Дневните температури од 19 до 29 степени. Во сабота претежно сончево со локална облачност и малку потопло време со максимални температури кои ќе се движат од 21 до 31 степен.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот