X
 03.08.2015 Живот

Македонија со најуспешен олимписки настан на Специјална Олимпијада

Државна видеолотарија на Република Македонија во склоп на својата визија за општествено одговорна компанија, негувајќи ја идејата за еднаков третман на сите во општеството, со донација ги охрабри членовите од Специјална Олимпијада Македонија во остварувањето на нивниот предизвик- учество на Летните олимписки игри во Лос Анџелес. Тие постигнаа најголем успех досега.



Настанот кој се одржуваше од 25 јули до 02 авуст е најуспешен настап на наша делегација на некои олимписки игри. Според претседателот на Специјална Олимпијада Македонија и воедно водач на делегацијата, Ана Петровска, во сите диспциплини во кои се нтапреваруваа, освоени се медали.

„ Во сите олимписки дисциплини во кои се натпреварувавме, атлетика, пливање, пинг понг и Јунифајд кошарка освоивме медали. Со гордост се враќаме во Македонија за да ја споделиме радоста со домашната јавност. Овие Олимписки игри само потврдија дека нашите атлети со интензивни тренинзи во рамки на програмата на Специјална Олимпијада Македонија може да освојува медали во големи рингови. Им благодариме на сите поддржувачи кои веруваа во нас и нашиот тим “ – вели Петровска.

Еве ја и листата на носители на медали на Светски летни Олимписки Игри на Специјална

Олимпијада Лос Анѓелес 2015

Атлетика
Јулијана Петровска - злато на 100 метри
Ајвази Себат - сребро атлетика 200 метри
Ајвази Себат – сребро атлетика 400 метри
Албан Бајрамовски - сребро на 400 метри

Пливање
Марио Мицковски - злато 25 метри слободен стил
Стефан Трпковски - бронза 25 метри слободен стил
Јована Павловиќ - бронза 50 метри пливање слободен стил

Пинг Понг
Фатиме Бељур – бронза
Давид Стојановски – бронза

Кошарка
Унифајд тим – сребро освоено во мечот Македонија - Брегот на Слоновата коска

Само за потсетување, ова е најголемиот глобален, спортски и воедно хуманитарен настан, на кој 7.000 атлети и 3.000 тренери од 177 земји се натпреваруваа во 25 Олимписки спортови и ја демонстрираат храброста, решеноста и спортскиот дух пред повеќе од половина милион директни навивачи на спортските арени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот