X
 28.08.2015 Образование

Каде во светот може да се студира бесплатно?

Додека некои земји само ги зголемуваат школарините за студирање, како САД, други ги намалуваат или укинуваат. Во некои држави, студирањето е целосно или речиси бесплатно, и тоа за домашни и странски студенти.


Германија

Интересот за студирање во Германија само се зголемува, а дел од причината за ова е бесплатното студирање за домашните, но и за странските студенти. На некои факултети се наплаќа мала сума за покривање на административните трошоци. Овие ниски школарини во комбинација со силната економија на Германија и одличниот образовен систем ја прават државата повеќе од примамлива за сегашните и идните студенти.

Доколку успеете да најдете универзитет за студирање во Германија, ќе ви бидат потребни помалку од 10.000 евра годишно за покривање на трошоците за живот и студирање. Најдобрите дестинации за студии во Германија се Минхен и Берлин.


Франција

Студиите во Франција, исто така, се бесплатни или многу евтини за домашните и странските студенти. Школарината на универзитетите во Франција постојат, но тие се минимални за покривање на административните трошоци (приближно 180 евра годишно). Некои специјализирани студии, како медицина, може да имаат дополнителни трошоци, но тие се минимални. Повеќето студиски програми во земјата се на француски јазик, но се нудат подготвителни курсеви за учење јазик пред почетокот на студиите. Животот во Париз изнесува приближно 10.000 евра годишно.


Нордиските земји

Северноевропските земји се познати по квалитетниот живот, природната убавина и либералната политика, но таму се и некои од најдобрите образовни системи во светот. Данска, Финска, Норвешка и Шведска нудат можности за бесплатно студирање. Во Норвешка, студиите се бесплатни за сите студенти, а повеќето од студиите се на норвешки јазик. На последипломско ниво се нудат повеќе програми на англиски јазик.

Во Данска и Шведска студирањето е бесплатно само за државите кои се членки на ЕУ и Швајцарија. Докторските студии се бесплатни за сите студенти.


Австрија

Студирањето во Австрија е бесплатно за државите кои се членки на ЕУ. Останатите студенти плаќаат приближно 730 евра за семестар. Трошоците за живот изнесуваат 850-1.000 евра месечно.


Чешка

Во оваа земја бесплатно може да студираат студентите кои го зборуваат чешкиот јазик. Студентите кои сакаат да студираат на англиски јазик плаќаат малку помалку од 1.000 евра за семестар. Трошоците за живот изнесуваат 300-700 евра месечно.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование