X
 08.09.2015 Наука

Како животните можат да претчувствуват земјотреси и други природни катастрофи?

Животните се неверојатни. Не зборуваме за тоа колку се тие неодоливи туку за тоа како се однесуваат и колку се свесни за сето што се случува на Земјата.

Често пати, тие се свесни за работи за кои ние не сме воопшто свесни. Тие слушаат работи кои ние не можеме да ги слушнеме, мирисаат работи кои ние не можеме да ги мириснеме и го претчуствуваат она што ние не можеме да го претчуствуваме. Научниците се`уште немаат конректно објаснување за тоа зошто тие можат да ги насетат природните катастрофи, меѓутоа постојат доволно докази кои докажуваат дека нив нешто им кажува дека треба да бегаат.

Овие кучиња се разбудија неколку секунди пред да се случи земјотрес.

 

2


Ова куче истрча да го пронајде сопственикот шест секунди пред да се случи земјотресот.

 

2


Како се случува ова? Научниците сметаат дека животните имаат способност да ги почувствуваат P (примарните) брановите кои промената во тектонските плочи ја испраќаат пред S (сеизмичките) бранови да го направат вистинскиот „потег“. Овие Р бранови луѓето не можат да ги почуствуваат или забележат. Други научници сметаат дека постои некоја хемиска миризба која животните можат да ја почувствуваат или пак некаква промена на атмосферата. Се`уште е голема мистерија.

Но, не се само кучињата оние кои можат да насетат земјотрес. На пример, познато е дека птиците масовно бегаат пред цунами или ураган, за навреме да најдат безбедно место.


И слоновите се повлекуват на повисоки места, посебно пред цунамито во Индискиот Океан во 2004 година.

 

5


Некои дури и успеале да го уништат синџирот за да стигнат неколку минути пред вистинската катастрофа.

 

5\4


Дефинитивно треба да се слушаат нашите другари животни. Доколку изгледаат нервозно, внимавајте. Тие знаат многу повеќе за тоа што се случува околу нас, особено кога ние сме презафатени со работа и забава. 

 

Видеото подолу ви нуди повеќе информации за овој фасцинантен феномен.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука