X
 14.06.2015 Живот

Фото: Хаос во Тбилиси


Волци, мечки, тигри, лавови и еден нилски коњ избегале од големата градска зоолошка градина за време на големата поплава која го зафати Тбилиси, притоа убивајќи единаесет лица. Дел од жителите се водат за исчезнати.. Исплашените жители имаат наредба да останат во своите домови додека животните не бидат згрижени. Се верува дека меѓу починатите има тројца чувари во зоолошката градина.

Зоолошката градина изјави дека избегале 6 лавови, 6 тигри, 7 мечки, 13 волци и еден нилски коњ. На фотографиите објавени од грузиските медиуми се гледа нилскиот коњ кој поминува низ градот. Тбилиси, главниот град на Грузија, беше поплавен во текот на изминатата ноќ.

Нилскиот коњ бил фатен и смирен, но властите сè уште ги бараат останатите ѕверови. Некои волци биле убиени во текот на потрагата. Се претпоставува дека без дом останале 40 семејства.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот