X
 07.10.2015 Живот

Временска прогноза: Какво време да очекуваме во наредните денови?



Во Македонија во среда ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици, кои ќе бидат проследени со засилен ветер, особено во југозападните и крајните западни предели.

Ќе дува доумерен слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен засилен југозападен и западен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 8 до 18 степени, додека пак максималните дневни ќе опаднат и ќе достигнат до 11 односно до 22 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна ќе достигне до 19 степени.

Нестабилното време кое ќе ја зафати Македонија од утре ќе продолжи се до крајот на оваа седмица. Во четврток умерено облачно, а во северозападните и западните предели нестабилно со врнежи од дожд. Максималната температура од 12 до 23 степени. Во петок умерено облачно со повремени сончеви периоди, попладне услови за дожд ќе има во источните и североисточните предели. Дневните температури од 13 до 24 степени.

Во сабота и недела Македонија ќе биде зафатена од нова циклонска активност од Медитеранот која ќе услови поинтензивни врнежи од дожд. Локално се очекуваат да наврнат од 20 до 45 литри дожд. Во сабота максималните температури од 10 до 21 степен, а во недела ќе се движат во интервал од 9 до 20 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот