X
 21.10.2015 Живот

Амбициозен проект: Бамбусов град

Секој кој живее во голем град може да потврди колку се` е тесно и пренатрупано. Затоа, архитектонската фирма „Penda“ ги открива своите планови за создавање на нов тип на град, направен од - верувале или не, бамбус.

 

1


Барајќи комбинација помеѓу одржливи идеи за градежништво со новиот дизајн, фирмата се одлучи како замена за бетон да го искористи зеленилото и да го поврзи со цврстите бамбусови структури. Фримата е со потекло од Пекинг, но со седиште во Виена, а дизајнот на тимот вклучува испреплетени хоризонтални и вертикални бамбусови прачки кои можат да се искористат за да овозможат живеалишта на дури 200.000 луѓе до 2023 година.

 

1

2


Ко основачите Дејонг Сан и Крис Прехт го користат бамбуост уште од нивниот прв проект, кој беше градина во Кина, која пак ги инспирирала да размислуваат на големо.

„Моменталната состојбан на неодговорното планирање на градот, загадувањето на воздухот и економската криза ги тера архитектите да го преиспитаат процесот на градењето. Употребата на природните материјали како бамбусот, поврзани со паметен модуларен систем, дава слободна структура да расте во секоја насока“, велат тие.

 

3

4


Амбициозниот проект е самоодржлив, со што колку повеќе семејства ќе се приклучат, толку повеќе бамбус ќе порасне и ќе направи дополнително засолниште.

„Со растењето на бројот на жители, структурата се проширува“, велат архитектите. 

 

5

6

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот