X
 22.10.2015 Економија

Самитот брои ситно за бизнисот во Македонија да брои крупно

Уште десет дена за регистрација на Македонскиот Економски Самит

Македонскиот Економски Самит во Ноември ќе овозможи интерактивна дискусија со повеќе од 40 панелисти и 300 гости од голем број земји во светот. Македонија ќе биде место каде ќе се собeрат експерти за економско-финансиски тредови во Европа и регионот, глобални технологии и иновации, дигитални и мобилни трендови, претприемништво и лидерство.  Планирани се настани за млади таленти и  претприемачи, ТЕДх вид на говори од специјални говорници, презентации и интрерактивни дебати, како и многу можности за вмрежување.



Еден од главните говорници на самитот ќе биде Хери Крејмер кој е универзитетски професор на бизнис школото Келог од САД, автор-бестселер на темата менаџмент и лидерство, поранешен извршен директор на компанијата Бакстер, како и влијателен советник. Освен што ќе зборува на еден од панелите, Хери Крејмер ќе зборува на темата „Лидерство што се заснова на добри вредности“ и ќе има интерактивна сесија на прашања и одговори со Мајк Зафировски кој е еден од основачите на Македонија2025 и реномиран извршен директор на неколку познати компании.

Господинот Крејмер неодамна ја издаде неговата последна книга насловена „Биди најдобар: Изгради органзација од светска класа преку лидерство што се заснова на вредности“ која учесниците на самитот ќе ја добијат на подарок, со цел Македонија да доживее суштинска преобразба во лидерството и бизнисот.



Македонија2025 изјавува дека на самитот се пријавиле голем број учесници од САД, Канада, Хонг Конг, Франција, Австрија, Шведска, Австралија, Германија, Србија, Хрватска, Албанија, меѓу останатите. Исто така има учесници од бизнис дијаспората на Македонија со што се покажува нивниот интерес за споделување на знаење со македонската бизнис заедница.

Темите на дискусија се релевантни за сегашната состојба во земјата и регионот:

- Одржлив развој на економиите во Југоисточна Европа
- Културна трансформација и добро менаџирање
- Технолошки и иновативни пробиви што го менуваат светот
- Сектори во развој што имаат долгорочен трансформативен ефект
- Македонија – центар за паметни индустрии
- Претприемачи што создаваат богатство и го менуваат светот на интернетот
- Лидерство засновано на добри вредности и менаџирање со талентот

Организаторот ги кани сите заинтересирани да се регистрираат до 31 октомври за учесниците да загарантираат своето присуство на сите настани што се дел од Самитот, како и да ги искористат сите негови бенфиции. Повеќе можете да се информирате на страната на Македонија2025 што е посветена на самитот: www.macedonia2025.com/summit

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија