Концептот за „зелена енергија“ стана побуквален оваа недела, кога научниците објавија дека успешно ги претвориле живите рози во електронски кола со што успеале да го создадат првото цвеќе киборг.
И покрај тоа како звучи сето ова, целта не била да се создаде вид на растение кое еден ден ќе се подигне против човештвото. Наместо тоа, овие паметни растенија ќе можат да почувствуваат и прикажуваат промени на животната средина или пак ќе постојат култури чиј раст може да биде регулиран со едно копче. Или растенијата кои ќе бидат на гориво, ќе ги конвертираат фотосинтетичките шеќери во електрична енергија. Првото електронско растение, развиено од истражувачите во Линкопинг универзитетот во Шведска го опиша како чекор напред за човештвото.
„Колку што знаеме, не постојат претходно објавени резултати од истражувања поврзани со електронско производство во растенијата“, вели лидерот на истражувањето, авторот Магнус Бергрен. „Никој не го направил ова досега“, додава тој.
Како научниците успеале во ова?
Најпрво, истражувачите ставиле синтетички полимер наречен PEDOT-S во розата преку неговиот корен. Растението го внело полимерот користејќи го истиот васкуларен систем со кој ја зема и водата. Откако влегол во ксилем каналите, полимерот се составил како „жица“ која спроведува електрични сигнали, додека истовремено овозможува водата и другите хранливи материи да се движат наоколу. Со поврзување на овие жици и електролитите во ткивото на растението, истражувачите беа во можност да создадат електрохемиски транзистор, како и дигитално логична порта, основна компонента на компјутерските системи.
Истражувачите исто така ставиле PEDOT-S во листовите, каде се формираа „пиксели“; групи на електрохемиски ќелии одделени со вените на листовите. Кога се применува напон, овие пискели ја менуваат бојата.
Првото киборг растение е кулминација на работа која траела околу 2 децении - истражувачите прво се обиделе да ја пробијат електрониката во дрвјата во 90-тите, но финансирањето пропаднало.
„Сега навистина можеме да зборуваме за моќни растенија - можеме да ги поставиме сензорите на растенијата и да ја искористиме енергијата формирана во хлорофил, или да произведуваме нов материјал“, вели Бергрен. „Се` се случува природно, а ние ги користиме напредните, уникатни системи на растенијата“.