X
 27.04.2026 Технологија

Нов документарец за ВИ: „Нашите деца можеби нема да стигнат до средно училиште“

Документарниот филм „ВИ-док: Или како станав апокалоптимист“, прикажан во јануари на фестивалот „Санденс“, предизвика големо внимание кај публиката и филмските критичари.

Новиот документарец за вештачката интелигенција (ВИ) го режираа оскаровците Даниел Рохер и Чарли Тајрел. Филмот го следи Рохер, кој преку прилози и разговори со мноштво водечки луѓе од светот на ВИ се обидува да ги разбере опасностите и потенцијалот на вештачката интелигенција. Клучен мотор на филмот е фактот што Рохер и неговата сопруга Каролин треба да станат родители, па ги загрижува дали детето ќе живее во ВИ утопија или дистопија.

Филмот не дава конечен одговор бидејќи ниту еден од десетиците експерти што учествуваат во него не го нуди, но е одличен материјал за размислување. Од него може многу да се научи бидејќи Рохер поставува цела низа релевантни прашања. Со документарецот доминира песимизам поради едноставното прашање: Зошто ни се сите потенцијали на ВИ ако таа нè уништи?

Што е ВИ?

Филмот на почетокот накратко потсетува на развојот на интернетот кој го поврзува целиот свет, но и на првите предупредувања од водечките луѓе на технолошките компании за можните опасности од технологијата. Една од првите работи што Рохер настојува да ги дознае е одговорот на прашањето што е воопшто ВИ?

Филмот покажува дека ни самите експерти не се сигурни, но се согласуваат дека разбирањето на ВИ започнува со сфаќањето дека интелигенцијата во суштина е препознавање на шаблони.

ВИ не ја програмираа луѓе

Ајеја Котра, советничка за ризици од ВИ, истакнува дека ВИ системите, всушност, не ги програмирале луѓе. Во нив се случува нешто што не го разбираат дури ни нивните творци. ВИ ги анализира понудените нешта и притоа учи да работи многу други работи за кои не е програмирана.

ВИ ќе ги надмине сите технологии заедно


Коосновачот на „Опен АИ“, Илја Сутскевер, истакнува дека целта на трката е општа вештачка интелигенција (AGI), која во сите когнитивни способности ќе биде подобра од луѓето.

Даниел Кокотајло, истражувач на ВИ-безбедност и поранешен вработен во „Опен АИ“, предупредува: „Кога тоа ќе се случи, ќе вработите некој таков AGI, а не личност.“

Тој нема да мора да јаде, да спие, да се одмара, нема да се жали и ќе биде стотици пати поевтин и побрз од човек на минималец. А бидејќи може да се вгради во роботи, нема да ги автоматизира само интелектуалните работи, туку и физичките. Накратко, ќе овозможи сите други технолошки напредоци да се одвиваат побрзо и ќе направи индустриската револуција да изгледа како зрно грашок, велат песимистите во филмот.


Дали децата ќе стигнат до средно училиште


На прашањето колку луѓе работат на развојот на ВИ, а колку на безбедноста, Конор Лихи, коосновач на „Конјуктер“, проценува дека се работи за околу 20 илјади наспроти помалку од 200. Тој смета дека ВИ е најголемиот предизвик со кој нашата цивилизација некогаш ќе се сретне.

Харис вели дека познава луѓе што се занимаваат со ризикот од ВИ и не очекуваат дека децата ќе им стигнат до средно училиште.

Причини за оптимизам

Во втората третина од филмот Рохер се обидува да пронајде некаква надеж за себе и за своето семејство, па дава разговори со пооптимистични експерти. 

Питер Х. Дијамандис, основач на „X прајз фондејшн“, смета дека ова е највозбудливиот момент да се биде жив. Единственото повозбудливо време ќе биде утре. Соговорниците, меѓу другото, ги наведуваат климатските промени, пандемиите, поевтината храна, заканите од астероиди, одржливата енергија, дизајнирањето лекови...

Извор: index
Фото: принтскрин/јутјуб

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија