Американската биотехнолошка компанија „Колосал бајосајенсес“ најави дека планира да ја оживее изумрената сина антилопа користејќи технологии слични на оние од филмот „Паркот јура“.
Сината антилопа исчезнала пред 226 години, кога европските колонисти ја ловеле во Јужна Африка поради нејзиното карактеристично сиво-синкаво-сребрено крзно и елегантниот изглед.
- Африканските антилопи долго време беа занемарени во глобалната заштита. Проектот за враќање на сината антилопа го менува тоа. Враќаме вид кој имал витална улога во својот екосистем и градиме научна основа за заштита на антилопите пред да се изгубат уште нивни сродници - вели Бет Шапиро, главен научник од компанијата „Колосал бајосајенсес“.
За проектот со сината антилопа се користи генетски инженеринг: истражувачите го секвенционираат геномот на изумрениот вид.
Истражувачите откриле дека двата вида се разликуваат во само 3 отсто од вкупниот геном, но тие 3 отсто претставуваат околу 18 милиони варијации на секвенции.
Од компанијата нагласуваат дека проектот не е само „оживување“ на сината антилопа, туку и чекор кон зачувување на постојните загрозени видови антилопи бидејќи научените техники може да помогнат во заштитата и зајакнувањето на нивните популации.
Бен Лам, директор на компанијата, истакна дека целта е животното еден ден да се врати во природата, под меѓународни заштитни мерки, и да биде подобро заштитено отколку во периодот кога било ловено и исчезнало.
Од 90 вида антилопи во светот, 55 бележат намалување на популацијата, а 29 се на работ на исчезнување.
Извор:
021.rs
Фото:
Wikipedia