X
 17.12.2015 Живот

Временска прогноза: Какво време да очекуваме во наредните денови?

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, ветровито и студено. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури -3 до 6 степен, а максималните дневни ќе бидат во опаѓање и ќе се движат во интервал од 1 до 11 степени.

Во Скопје во четврток ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и постудено. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 2 степени, а максималната дневна ќе достигне до 6 степени.

Во петок во Македонија студено утро со утрински температури од -8 до -2 степени. Во текот на денот претежно сончево со локална облачност и дневни температури од 2 до 11 степени. Во сабота и недела ќе биде претежно сончево и потопло со пораст на максималните температури кои ќе се движат од 5 до 14 степени. Во понеделник претежно сончево со локална облачност и без промена на максималните температури кои ќе останат во интервал од 5 до 14 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот